Кејт Мидлтон во традиционална облека на првата турнеја со Вилијам во Пакистан

15 октомври 2019

Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон вчеравечер пристигнаа во Исламабад на првата официјална турнеја на земјата.

Од палатата Кенсингтон соопштија дека ова е една од најкомплексните турнеи било кога поради политичките случувања и тензиите, па за време на истата кралската двојка ќе ја чуваат повеќе од 1.000 пакистански полицајци.

Тие пристигнаа во воената база во Равалпинди со авион на британската влада нешто по девет часот, насмеани и позитивни како и секогаш.

Облечена во нежна сина креација составена од долга тоалета со панталони одоздола на дизајнерката Кетрин Вокер и високи потпетици, Кејт беше пречекана со букети цвеќе од нејзините најмали обожаватели.

За првата посета на Исламабад и локалните училишта, таа повторно одбра впечатлива креација во сина нијанса со везени детали во предниот дел и марама префрлена преку рамото изработена од локален пакистански дизајнер.

Додека беа во училиштето, мало девојче му се обрати на принцот Вилијам со зборовите дека е голем обожавател на неговата мајка, принцезата Дајана, на што тој ѝ одговори дека тоа е многу слатко и дека и тој е подеднакво голем обожавател на неговата мајка.

Подеднакво прекрасна беше и во другата традиционална пакистанска облека овојпат во зелена нијанса, кога заедно со Вилијам го посетија премиерот Имран Кан.

Ова е прв пат кралската двојка да замине во официјална посета на Исламабад, а турнејата ќе трае околу пет дена со силно полициско обезбедување.

За време на посетета, како и принцезата Дајана, така и Кејт и Вилијам ќе лобираат за еднакво образование за сите.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
15 октомври 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
361 пати