Кејт Мос е новото заштитно лице на брендот на Ким Кардашијан

14 јули 2021

Оваа соработка веројатно никој не ја очекуваше, иако многумина се прашуваа од каде Кејт Мос и Ким Кардашијан на заедничко патување во Италија, кое го реализираа кон крајот на минатиот месец.

Поводот за нивното дружење е новата кампања на брендот „Скимс“ на Ким Кардашијан, на кое заштитно лице е токму Кејт Мос.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SKIMS (@skims)

Како пренесуваат странските медиуми, нивното пријателство пак, и не е толку ново. Тие се запознале уште во 2014 година благодарение на Рикардо Тиши, а Ким уште тогаш истакна дека многу ѝ се допаѓа енергијата со која Мос зрачи.

„Веднаш „кликнавме" и оттогаш сме пријателки. Ја сакам нејзината смисла за хумор, „заразно" смеење и безгрижен дух, изјави Кардашијан во една пригода, а сега тоа пријателство премина и во професионална соработка.

Од првите фотографии каде супермоделот позира во црна и беж долна облека, можеме да кажеме дека Кејт Мос е се' уште права модна бомба.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SKIMS (@skims)

 

Без разлика дали ја сакате или не Ким Кардашијан, таа се покажа како одлична бизнисменка.

Изборот за тоа култно модно име да ѝ биде заштитно лице е и повеќе од одличен избор, бидејќи нема поактуелна  и побомбастична вест на светската модна сцена во моментов од оваа.

 

 

 

Објавено:
14 јули 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
482 пати