Кејт Мос сепак ќе се појави на насловна на Плејбој

14 јуни 2013

Гласините дека супер моделот Кејт Мос ќе се појави на насловната на популарниот магазин „Плејбој“, се потврдуваат. Стилистот за коса кој присуствувал на фотографирањето, потврдил за медиумите дека Кејт веќе се фотографирала во Лондон по повод 60 години од постоењето на списанието и позирала пред објективите на Мерт Алас и Маркус Пигот. Според овие гласини Мос ќе биде гола на насловната која треба да излезе во јануари 2014 година. Инаку, провокативната Мос во 2014 ќе наполни 40 години.

Објавено:
14 јуни 2013
Категорија: 
Актуел