Кејт Мос создаде колекција за добротворни цели во соработка со Save the Children и ја презентираше заедно со својата ќерка

25 февруари 2021

Манекенката Кејт Мос ја даде својата поддршка за децата преку фотосесија. Позирајќи заедно со својата ќерка Лајла (18), Кејт Мос (47) ја промовираше најновата апстрактна колекција која нејзиниот бренд KMA Студио ја изработи за Save The Children.

Говорејќи за колекцијата, Кејт вели дека парчињата се инспирирани од нејзиното верување во The Butterfly Effect, според кое, дури и најмалите навидум безначајни случувања, може да донесат огромни последици.

KMA Студио ќе донира 5 долари од секој продаден производ од колекцијата, на добротворната организација Save the Children. Цените на маичките и дуксерите од колекцијата, варираат од 45 до 90 долари, а се изработени од 100% памук.

Лајла и нејзината мајка неодамна заедно чекореа на пистата на Фенди.

Објавено:
25 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
89 пати