Кејт Мос - вечната хероина во модниот свет

16 јануари 2017

Кејт Мос потекнува од Кројдон и сосема случајно ја открива ловецот на таленти Сара Џукас на аеродром во Њујорк и од тој момент почнува модната сага на оваа британска бунтовничка. На 14 годишна возраст влегува во професионалните манекенски води, но не се прилагодува веднаш туку со себе ја носи својата драматичност и ја менува дотогаш генерализираната и стерилна слика.

Позната по своето слабо тело без облини, инспирира многу светски трендов  ,а вратата и ја отвара Калвин Клајн.

На насловната страна на Вог ќе биде повеќе од десетина пати, а првата насловна е 1993-та година кога има 19 години. Суверена владетелка на овој магазин па и на многу други, денес во петтата деценија од животот се' уште е на првите страни на сите модни библии. 

Во 1990 година, Барбери е еден старомоден бренд и не толку познат глобално, освен во својата матична земја Англија.

Моментот кога Кејт Мос позира за нив, тие стануваат историја. Во 2000-та година се појавува на насловната страна на списанието „The Face" кое пак за прв пат се појавува на светската листа на списанија и од тогаш е релевантен фактор во светот на модата. Кејт се појавува во карактеристично момчешка варијанта од една страна, а од друга страна исклучително привлечна жена. На 31 година станува заштитно лице на Шанел на кој пак додава доза на шик, фаталност, мистериозност.

Кога сите ќе помислат дека не може да се направи поконтроверзна реклама на Калвин Клајн од онаа претходно, Кејт Мос се појавува во фармерки за брендот Луи Џо во 2012 година каде изгледа совршено. 2013-та Версаче ја подготви Кејт за еден предизвик преку нивните анимал принт дизајни со жестоки бои. За нивната кампања беше потребен лик кој е храбар и предизвик на искусен модел.

За потребите на Диор и нивниот кармин "Аddict" ќе постигне огромен успех само поради умешноста да ја спои својата кршливост со имиџот на рок дива и на тој начин да промовира еден вид идеална жена под закрила на брендот Диор.


2016 година повторно соработува со Калвин Клајн и се потврдува дека е ненадминлива. Во кампањата за Алберта Ферети како да застанало времето за неа. Таа и понатаму може да биде на врвот во модната индустрија. Се уште не мисли да се збогува со нејзината кариера и после сите љубовни афери, скандалите со алкохол и дрога, контроверзните ставови.

Бидејќи едноставно, Кејт Мос е незаменлива!

 

Објавено:
16 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
986 пати