Кејт Мос во есенската кампања на Етро

20 јули 2015

Модниот бренд Етро и познатиот фотограф Марио Тестино повторно ги здружија силите за новата, есенска кампања. Откако минатата сезона се најдоа на удар на јавноста поради претераната употреба на Фотошоп, оваа сезона се одлучија да одат на сигурно.

Нивниот избор за заштитно лице е Кејт Мос. Супермоделот им помогна да ја одбегнат едноличноста и недостатокот на оригиналност за кои претходно беа обвинувани.

Кејт е љубилетка на бохо стилот, што е во центарот на оваа колекција на Етро, па несомнено соработката се покажа како добар спој.

Креациите претставени во кампањата се со богата текстура, принтови во есенски бои, па токму затоа истовремено изгледаат и кул и луксузно.

Погледнете:

Објавено:
20 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
330 пати