Кејти Холмс и Џени Јанг ја прекинаа пет годишната соработка

3 март 2014

Актерката Кејти Холмс и стилистката Џени Јанг ја прекинаа петгодишната соработка како основачи на брендот „Holmes&Yang“. Лицето задолжено за односи со јавноста на Холмс ја потврди информацијата дека неговата клиентка и нејзината пријателка стилистка, не работат повеќе заедно на нивната линија облека, но одбил да коментира која е причината за нивното разделување. Според шпекулации на странските медиуми, тие двете имаат различни вкусови кон дизајнот, но и различната локација на живеење која е друга причина поради која ја прекинуваат соработката.

Откако се разведе од актерот Том Круз, Кејти се посвети на својата ќерка Сури, но и на дизајнерскиот подвиг. По се изгледа Кејти и понатаму ќе остане активна и посветена само на градењето актерска кариера.

 

Објавено:
3 март 2014
Категорија: 
Актуел