Кејтлин Џенер е новото лице на H & M Sport

11 март 2016

Само неколку недели откако беше прогласена за новото лице на MAC Cosmetics, Кејтлин Џенер има уште една супер вест за нејзините обожаватели. 

На нејзиниот Инстаграм профил таа објави фотографија со која конечно ја официјализираше соработката со H & M Sport. 

Под фотографијата таа напиша колку е горда што токму неа ја поканиле да биде новото заштитно лице на брендот и да биде дел од толку инспиративна кампања. 

Оваа вест брендот ја објави само една недела откако на нивната ревија во Париз на пистата се појави трансродовиот модел Андреја Пејиќ, но и прекрасната plus size манекенка Ешли Граам, со што уште еднаш докажаа дека секогаш се за разновидност кога станува збор за заштитните лица. 

На фотографијата можеме да ја видиме Кејтлин во целосно црна комбинација, составена од хеланки за вежбање, тренерка со патент и црни патики. 

Сосема во нејзин стил, на комбинацијата таа ѝ додава доза гламур со нејзината совршено средена коса и маникир со кој речиси секогаш можеме да ја видиме. 

Во 1976 - тата, Кејтлин освои златен медал на Олимпијадата во Монтреал, кога се уште беше позната како Брус Џенер...

Како што самата ќе каже, ова е само првата од многуте фотографии што следуваат од оваа кампања, а кои брендот многу наскоро ќе ги објави.

Шведскиот бренд деновиве ја објави и кампањата за нивната нова колекција и соработка со фестивалот Коачела во Калифорнија, а како што сите очекувавме парчињата се поубави од кога и да е! 

Објавено:
11 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
953 пати