Кендал Џенер е новото лице на Фенди

13 јули 2015

Првата половина од 2015 година и’ беше целосно наклонета на младата Кендал Џенер. Се појави во неколку, исклучително значајни кампањи за нејзината манекенска кариера, а чекореше и по пистите на најголемите дизајнерски имиња. Последно имавме можност да ја видиме на ревијата за новата котур колекција на Шанел, каде го презема тронот од Кара Делевињ и ја заокружи ревијата во бел смокинг со вел.

Нејзината соработка со Карл Лагерфелд продолжи и за неговата зимска кампања на модната куќа Фенди. Овде неговата нова муза ја доби улогата на заштитно лице и мора да признаеме одлично и’ прилега. Новиот лукбук е ретро приказна во која се оживува стилот од 70-тите: Кендал е облечена во предимензиониран елек комбиниран со килоти  во колор блок варијанта и чизми на висока платформа. Во вториот стајлинг пак, фокусот е на палтото во боја на капучино и двете чанти обоени во сино-кафена комбинација.

Втората половина од годината, очекуваме дека Кендал ќе продолжи со истото темпо.

Објавено:
13 јули 2015
Категорија: 
Актуел