Планетарно популарната манекенка и една од највлијателните тинејџерки во светот, Кендал Џенер по којзнае кој пат освојува во новата колоритна кампања на модната куќа Фенди за колекцијата есен/зима 2015. 

Кампањата го носи името „Artful Puppets“, а покрај Кендал, во кампањата се појавуваат и Лили Доналдсон и неколку џиновски играчки кои „позираат“ заедно со моделите пред објективот на Карл Лагерфелд. 

Целата кампања е посветена на работата на швајцарската уметница Софи Тубер Арп, чија уметност му послужи на Лагерфелд како инспирација за новата колекција со потпис на Фенди. 

Во кампањата, Лили и Кендал се облечени во колоритни парчиња на кои преовладуваат геометриски линии и многу крзно, но и шик чевли и чанти по кои е позната модната куќа.

 

Објавено:
23 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
400 пати