Кендис Хафин: Мојата тежина нема да ги диктира моите можности

24 април 2017

Мајскиот број на американското издание на магазинот „Ел“ во фокус ги стави дел од најпопуларните модели на денешницата.

Покрај имиња како Бела Хадид или Хејли Болдвин, големо внимание на јавноста привлече и плус-сајз убавицата Кендис Хафин.

За неа се смета дека е лута конкурентка на веќе далеку познатата Ешли Греам.

По насловната на бразилскиот „Вог“, популарноста на Кендис сè повеќе расте, а доказ за тоа е и токму овој избор на „Ел“.

-Откако знам за себе, сонував да бидам модел. Не постоеше план Б. Иако моето тело не е со наметнатите и идеални пропорции, одбивав да ги слушам мислењата на личносите кои ми зборуваа дека тоа за што отсекогаш сум размислувала, не е возможно да го остварам. Одлучив неуморно да работам до денот кога мојата тежиина нема да ги диктира моите можности. Се надевам дека оваа насловна ќе послужи како симбол на секој што верува дека може! – напиша моделката на Инстаграм профилот под фотографијата од магазинот.

Во интервјуто за „Ел“ пак вели дека работите навистина почнуваат да се менуваат во модната индустрија.

-Самиот факт дека сум присутна во престижни магазини укажува на големи промени. Кога започнував со моделството и барав можност да склучам договор со некој, сонував за ова што сега ми се случува. Тогаш не знаев дека не сум „големината“ што одговара за модната индустрија. Не бев свесна за идеалот кој владееше. Тоа ме стресе на почетокот. Но не се откажав. Си реков ок, тогаш ќе бидам плус-сајз модел и еве една декада подоцна навистина ја држиме работата во свои раце – вели Хафин.

На ова ние имаме да додадеме дека таа е навистина прекрасна и прашање на време е кога Ешли ќе падне во нејзина сенка.

Погледнете:

Објавено:
24 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
529 пати
Извор: 
Elle