Кензо и Блу Марин во нова мисија за заштита на морскиот свет

20 октомври 2014

Кензо најави дека ја продолжува соработка и партнерството со добротворната фондација Блу Марин. Брендот ја презентираше новата верзија на хитовскиот дуксер. Станува збор за лимитирано издание на синиот дуксер со популарната апликација на тигарска глава.

Во прв план во однос на дизајнот и изборот на бојата, дизајнерите се водеа од алармантното загадување на морињата и уништувањето на морската флора и фауна. Лимитираниот модел на дуксерот е унисекс и е веќе достапен продавниците ширум светот по цена од 340 долари.

moda-fashion-grazia-Kenzo-1 (2) (1)

Приливите од продажбата ќе ја подржат мисијата на Блу Марин за отворање на големо морско заштитено подрачје на Јужен Атлантик, во реонот околу Јужна Грузија и јужните острови кои се лоцирани во околината.

Објавено:
20 октомври 2014
Категорија: 
Актуел