Кензо на филмски постер

24 јули 2015

Кога се кампањите на модниот бренд Кензо во прашање, секогаш се очекува оригиналност. Токму затоа оваа модна куќа секогаш се труди да ја оправда довербата на обожавателите и да понуди нешто креативно.

Така е и за најновата кампања за есенската колекција, која ќе биде проследена со краткиот филм Here Now.

За да биде приказната комплетна, од Кензо се потрудија да направат и филмски посери, кои всушност ќе бидат и официјални фотографии на кампањата.

Филмот кој комплетно е во ретро стил, го создаде Грег Араки, а како главни лица во него, односно кампањата се појавуваат Џејн Леви, Грејс Викторија Кокс, Џејкоб Артист и други.

Објавено:
24 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
257 пати