Ким Кардашијан ја претстави најновата линија хулахопки

13 јануари 2021

Иако јавноста нашироко ја озборува недамнешната вест за нејзиниот развод, Ким Кардашијан не дозволува тоа да ја попречува во нејзината работа.

Во понеделникот, прв пат по Божиќните празници, старлетата објави фотографија на својот Инстаграм профил. Позираше во црн градник и хулохопки од својата најнова модна линија која го носи името SKIMS. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SKIMS (@skims)

Според Ким, линијата е посветена на неверојатни хулахопки кои ѝ пркосат на гравитацијата, а во продажба ќе бидат од 14. јануари. Достапни се во 4 бои, 4 стилови и величини од XXS до 4X. Како што претпоставивте, има и листа на чекање. 

Објавено:
13 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
402 пати