Ким Кардашијан повторно ја копираше Мерилин Монро
•
7 мај 2022
На годинешнава МЕТ гала, покрај Блејк Лајвли, најкоментиран беше изгледот на Ким Кардашијан која облече тоалета што оригинално ја носела Мерилин Монро во 1962 година, на роденденската забава на Џон Кенеди.
Но, вечерта не остана само на овој изглед.
Вчера беа објавени нови фотографии на кои Ким Кардашијан носи уште една комбинација која оригинално ја носела филмската икона.
Се работи за елегантна тоалета во раскошна зелена боја, дизајн на американскиот креатор Норман Норел, која Мерилин Монро ја носела на Златните Глобуси во 1962.
Кардашијан облечена во оваа креација, направила кратка фотосесија во хотелската соба после МЕТ галата, а фотографиите веќе циркулираат по социјалните мрежи.