Ким Кардашијан прв пат сама на насловна на Вог

11 април 2019

По пет години од контроверзната свадбена фотосесија и насловна за Вог со Канје Вест, Ким Кардашијан осамна на мајското издание на Вог.

Таа се појави на насловната во „мокро“ издание со транспарентна плетена маичка од колекцијата на Шанел и златно ланче.

Овојпат, модната библија се фокусира само на старлетата, а на дел од фотографиите можеме да ги видиме и нејзините три деца во домашно издание.

Насловот на фотосесијата и интервјуто гласи „Будењето на Ким Кардашијан“, а овојпат фотографот Микаел Џенсон направи одлични фотографии од неа во раскошни креации на познати дизајнери.

Фотосесијата е направена во нејзиниот дом, а таа носи парчиња од Шанел и Брендон Максвел.

„Сонував за овој момент долго време, многумина ми рекоа дека нема никогаш да се случи. Не мoжам да ви објаснам колкава е честа што прв пат сама се појавувам на насловна на Вог“, напиша таа на Твитер.

Кардашијан ѝ се заблагодари и на уредничката на магазинот, големата Ана Винтур која ѝ била голема поддршка во целиот процес.

Во интервјуто таа открива дека планира да студира право, инспирирана од приказната на Алис Мери Џонсон на која ѝ помогна да биде ослободена од затвор благодарение на преговорите со претседателот Доналд Трамп.

Објавено:
11 април 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
972 пати