Кити Спенсер: Не сакам да зависам од некого, ниту да полагам сметки

20 март 2019

Откога се појави на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари, интересот за Кити Спенсер не престанува. За оние што можеби првпат се сретнуваат со ова име, се работи за внуката на принцезата дајана, односно ќерка на нејзиниот брат Чарлс Спенсер.

Со својата убавина и стил, оваа 28-годиша девојка го воодушеви и модниот свет, во кој и претходно беше ангажирана, а сега уште повеќе стана популарна.

Британското издание на „Харперс Базар“ се одлучи токму таа да ја краси насловната страна на нивното најново издание. Во интервјуто зборува за детството, социјалните мрежи, позицијата на жената, самодовербата, шопингот, а текстот е поткрепен и со одлична фото сесија.

„Бројот на следбеници на мојот Инстаграм преку ноќ пораснаа од 17.000 до половина милион. Мислев дека гледам во туѓ телефон. Морав да ги исклучам нотификациите, затоа што можеше телефонот да се расипе. Никогаш не делам лични моменти на социјалните мрежи, тоа се секогаш фотографии до кампањи, и неколку фотографии со роднини и пријатели. Понекогаш сфаќам дека ако не објавам ништо недела или две, бројот на следбеници опаѓа. Често ги слушам луѓето како велат: „Мора да објавуваш фотографии во три дела, во секој ред, за да прават цела една фотографија кога некој за првпат ќе дојде на профилот, или да објавувам фотографии кога вежбам или кога се шетам во природа, кога готвам... Ма тоа е лудо. Не го живеам мојот живот така и никогаш не сум и никогаш нема. Ќе објавувам што јас сакам и кога сакам“, вели Лејди Спенсер.

Њујорк, Москва, Дубаи, Пекинг, Мексико Сити, патувања во Австралија и Италија – вака изгледа нејзиниот живот последните годоини. Го користи секој слободен момент да се врати во Јужна Африка, каде го помина детството, а тоа најчесто го прави за празниците кога целото семејство се собира.

„Од ноември до сега, во Англија бев само три ноќи. Навистина сум среќна што пораснав во Јужна Африка. Нема многу места во светот што се толку природни и релаксирачки, места каде што се чувствуваш слободно, што денеска е луксуз, особено во кралските семејства“, вели моделот.

Таа додава дека иако е во модната индустрија, не сака да потпаѓа под клишеа и влијанија:

„Работите ги правам под мои услови. Мислам дека мојата работа не е да се вклопам во нечиј аутфит. Ако се согласам да работам за некој бренд или слично, ќе внимавам на тоа како изгледам, но нема да бидам опсесивна за тоа или да изгледам нездраво. Ако брендот сака да работи со мене и мислат дека нивните дизајни ќе изгледаат добро на мене, тогаш можат да ми го дадат во моја големина“, потенцира Кити.

Изненадувачки, но таа не сака да талка по продавници:

„Мојата верзија на кошмар е шопинг мол.  Воопшто не сакам шопинг, но мој порок се чевлите. Имам неверојатна колекција, што е загрижувачки. Можеби имам сто пара чевли. Дали е тоа малку или многу? Повеќето се со висока потпетица, но имам и патики за вежбање, но не и за шетање“, открива Спенсер.

Помеѓу другото, прозборе и за тоа каков живот посакува и колку семејството ѝ е важно, особено бидејќи е дете на разведени родители.

„Многу ги почитувам семејните вредности. Многу ми е важно тој што ќе се забавува со мене, да се согласува и со моето семејство. Исто така, сакам кога и тој што е до мене има убав однос со неговото семејство и да ги поминуваме неделите заедно. Во иднина сакам да имам среќно семејство и сакам да бидам мажена, да имам деца“.

Во интервјуто таа ги сподели своите размислувања и за женските права и феминизмот, а многу ѝ е важно пред сè да си е доволна сама на себе:

„Тоа ја симболизира мојата независност. Тоа значи дека не морам да зависам од некого или да одговарам некому. Не дозволувам да бидам замолчувана, или да ми се заканува некој. Исто така, ако сакам да работам деноноќно, можам да го правм тоа. Но, исто така, ако посакам да одам дома во Јужна Африка да одморам и да се видам со семејството, да читам книги, дека и тоа е доволна опција“.

Иако нејзиниот татко е милионер, таа сака да заработува и троши нејзини пари.

„Тоа ми дава баланс и ритам, ме прави да се чувствувам дека имам контрола врз својот живот, односно дека имам живот како и сите други“.

Објавено:
20 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
721 пати