Кјара Ферањи е бремена по втор пат

6 октомври 2020

„Нашето семејство се зголемува, Лео ќе биде поголемо братче", со ваква објава на Инстаграм, влијателната модна блогерка, Италијанката Кјара Ферањи ја најави убавата вест дека таа и нејзиниот сопруг, раперот Федез, по втор пат ќе станат родители.

Две години по доаѓањето на свет на нивниот син Леоне, сега семејството го очекува својот четврти член.
Откако пред неколку дена ја откри новоста, блогерката постојано објавува фотографии со трудничкото стомаче на нејзиниот Инстаграм профил.

Други детали сè уште не се соопштени.

 

 

Објавено:
6 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
433 пати