Ќерката на Барак Обама матурираше и изгледа прекрасно!

31 мај 2019

Веројатно веќе ги знаете ќерките на Барак и Мишел Обама, Саша и Малиjа кои целото нивно детство го поминаа пред камерите заедно со нивниот татко претседател.

По завршувањето на неговиот мандат, тие се повлекоа и почнаа да живеат сосема нормален живот, за кој и двајцата ќе кажат дека неверојатно им годи.

Деновиве една од ќерките на поранешниот претседател на САД, Саша ја прослави нејзината матура за која одбра едноставен црн фустан на прерамки и изгледаше прекрасно.

Иако никој од семејството не објави официјални фотографии, пријателите на партнерот на Саша биле толку возбудени што тој оди на матура со ќерката на поранешниот претседател на САД, па побрзаа со истото да се пофалат.

На дел од фотографиите од матурата на Саша можеме да ја видиме и секогаш прекрасната Мишел која за пригодата одбра црно – бел фустан во кој изгледаше неверојатно елегантно како и секогаш.

На фотографијата со Мишел, корисниците на Твитер забележаа агент на тајната служба во позадина, што значи дека нивното обезбедување сè уште е на највисоко ниво.

Погледнете како изгледаше прекрасната Саша на нејзината матура.

Објавено:
31 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.276 пати