Ќерката на Кејт Мос на насловна на Вог

7 јуни 2016

Тринаесетгодишната ќерка на топ моделот Кејт Мос, Лила Грејс го проби ледот во модната индустрија со тоа што заедно со нејзината мајка позираше за насловната страна на јунското издание на италијанскиот Вог.

Фотографиите се во црно-бела техника, а ги потпиша легендарниот фотограф Марио Соренти.

Иако е очигледно дека Лила ги наследила гените на нејзината мајка, сепак многумина коментираат дека повеќе личи на нејзиниот татко, Џеферсон Хаг, инаку основач на магазинот Dazed.

Џеферсон Хаг

Објавено:
7 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
540 пати