Во видеото на Клаудија Шифер „Inside The Wardrobe" за британскиот Vogue, германската манекенка открива дека една третина од нејзината гардероба е составена од тексас парлчиња. И тоа не само фармерки, туку и кошули, чанти, па дури и потпетици.
Тексасот е централен сегмент во кариерата на Клаудија Шифер, па оваа колекција не претставува изненадување, имајќи предвид дека работата на манекенката е речиси еднакво поделена помеѓу светот на тексасот и светот на високата мода.
Фото: Vogue
Во доцните 80-ти таа стана позната носејќи тесни фармерки, корсет од тантела и руса коса во фризура од 50-тите во кампањите на Guess Jeans. Во средината на 90-тите, исто така, во модната сфера доминираа тексас парчињата на Chanel, а Клаудија Шифер блесна на модната писта есен/зима 1993 година во целосна тексас комбинација и каубојски чизми со логото „CC".
Фото: Vogue
Клаудија Шифер е обожавател на брендот Frame уште од моментот на неговото лансирање. Тинејџерските тексас моменти на Клаудија Шифер вклучуваат „фармерки со висок струк од Chipie, комбинирани со големи дуксери од Fiorucci, сина сенка за очи и многу лак за коса". Но и неодамнешните изгледи во кои што манекенката се појавуваше надвор од нејзините професионални ангажмани се поврзани со Frame.
Фото: Vogue
„Тексас отсекогаш бил огромен дел од мојот живот и мојата омилена униформа се фармерки и памучен џемпер или блуза.", вели таа.
Брендот од Лос Анџелес се здружи со манекенката во 2020 година за колекција во корист на УНИЦЕФ, кој исто така ја прослави својата 50-годишнина.
„Клаудија се најде на безброј наши Moodboards во текот на годините и е суштинска муза на Frame", вели Ерик Торстенсон, ко-основач и креативен директор на брендот.
Неодамна, брендот повторно соработуваше со супермоделот, овој пат за колекција фармерки со широки ногавици и трикотажа со копчиња.
Фото: Vogue
„Работевме заедно на тоа како ќе изгледаат нејзините дизајни и навистина ги разгледавме сите дополнителни детали што Клаудија сакаше да ги види", вели Ерик Торстенсон за колекцијата која вклучува „Le Hardy" фармерки со широки ногавици инспирирани од 70-тите.
„Сакав да се уверам дека би сакала да ја носам оваа колекција и во наредните години. Тоа е суштинскиот критериум", додава манекенката. „Зачував толку многу скапоцени парчиња во текот на годините, како винтиџ фармерки...тие се како стари пријатели", открива Клаудија Шифер.