Клаудија Шифер е главна протагонистка во зимската бајка на D&G

20 јуни 2014

Бајките на браќата Грим добија современа уметничка реанимација во новата рекламна кампања на италијанскиот луксузен бренд Долче и Габана.

Во разгледницата за машката и женска колекција на брендот за следната зима, главна протагонистка е топ моделот од 90-те, Клаудија Шифер на која друштво покрај совршените машки и женски модели, и' прави и преубавата Бјанка Балти.

Во прекрасната и неверојатно волшебно романтична атмосфера во шума, моделите позираат носејќи креации од тантела на кои се аплицирани принтови од животни: лисици, буфови  и верверички, крзнени големи капи, тоалети со скапоцени камења во комбинација со рамни обувки и високи модели на чизми украсени со блескави додатоци. Ликовите од приказните уште еднаш послужија како инспиративна нишка за линијата на Долче и Габана, па во склоп на приказната ги гледаме галантните хероини, омилените принцези и храбрите витези.

 

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Актуел