Клаудија Шифер со своја нова модна линија

1 февруари 2016

И додека Синди Крафорд одлучи да се повлече од светот на модата, нејзината колешка Клаудија Шифер работи со полна пареа.

Германскиот модел работи на своја модна линија која ќе содржи 40 парчиња изработени од кашмир, како резултат на соработката со ТЅЕ.

Шифер е креативен директор на компанијата и го надгледува дизајнерскиот и уметнички правец на колекцијата. Ова е нејзино прво искуство на ваква позиција.

-Мојата соработка со ТЅЕ е толку позитивно искуство, што очигледно беше дека следниот чекор е да лансирам своја модна линија, со производство на ТЅЕ. Тоа е мојот голем партнер кој ја разбира мојата страст кон кашмирот – вели 45-годишната Шифер.

Во колекцијата, Клаудија оваа ткаенина ја комбинира со детали од жакард, инспирирана од Шпанија, а кога е во прашање бојата, доминира црвената палета, како и сините нијанси.

Како вели моделот, парчињата се наменети за комбинации со фармерки. Инаку, се очекува колекцијата да се најде од јули месец на страната на ТЅЕ (TSEcashmere.com).

Колку ќе се движи цената на парчињата, сè уште не е познато.

Објавено:
1 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
587 пати