Клуни, ти си?

2 декември 2013

im

Најпознатиот холивудски ерген Џорџ Клуни се појави на насловната страница на декемвриското издание на магазинот W. Актерот се согласи да даде интервју за списанието, во кое зборува за новиот филм The Monuments Men,  во кој ја толкува улогата на кустос, кој настојува да ги спаси уметничките дела кои Адолф Хитлер настојува да ги уништи.

Во интервјуто Клуни зборува за своето видување на уметноста, како и последиците од нејзиното уништување, а разговорот е надополнет со едиторијал во кој актерот е муза на уметничката Јајои Кусами. Прекриен со точки со потпис на Армани (кошула, одело, чеви), од глава до петици, Клуни призна дека се чувствува како Снупи, но многу горд Снупи.

Погледнете.

im (1)

im (2)

Објавено:
2 декември 2013
Категорија: 
Актуел