Кофа ладна вода во хуманитарна акција

20 август 2014

Последниве неколку денови медиумите и социјалните мрежи се буквално преплавени со кратки видео содржини во кои познати личности од шоу бизнисот одговараат на предизвикот „Ice Bucket Challenge“, хуманитарна интернационална акција која има за цел да ја подигне свеста за луѓето болни од Лоу Гехригова болест (Амиотрофична  латерална склероза).

Бил Гејтс, Џастин Тимберлејк, Новак Ѓоковиќ, Џенифер Лопез, Гвен Стефани, Опра Винфри, Кара Делевињ се само мал дел од бројните познати личности кои го прифатија предизвикот да учествуваат во оваа хуманитарна кампања.

Имено, предизвикот се состои во тоа што секој од учесниците треба да се потопи со кофа ледена вода, а притоа треба да наброи други тројца познати личности кои ќе одговорат на предизвикот.

Еве како првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ одговори на предизвикот.

 

 

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Актуел