Кога детскиот сон станува јаве

11 декември 2014

Најмладата модна блогерка на светот,  четиригодишната Мајхем,која стана позната по рекреирање на фустаните кои ги гледа на црвениот килим, стана дел од дизајнерскиот тим и директно учествува во дизајнирањето на детската колекција потпишана од брендот J.Crew.

Модната куќа го насочи своето внимание кон детската мода и младата „дизајнерка“ уште на почетокот на годината, кога Мајхем се најде како актуелна вест на скоро сите интернет портали ширум светот со своите хартиени креации, кои се идентични со оние што ги носат холивудските диви на црвениот килим.

Со својата мајка, која активно учествува во креирањето на фустаните, користени се сепак поефтини материјали, како украсна хартија, парчиња стара облека, самолеплива лента, свилени ленти и пердуви. Соработката за колекцијата Crewcuts на брендот J.Crew ќе почне со креирање на девет изгледи и модни додатоци, а цените на дизајните ќе бидат мошне прифатливи. Одговорните на брендот за медиумите изјавија дека посетата на малата Мајхем во студиото било навистина возбудлива, бидејќи девојчето со помош на наједноставни материјали, како хартија, ленти и светки смислила одлични модели и изгледи.

 

Објавено:
11 декември 2014
Категорија: 
Актуел