Кога главните херои го „носат“ одразот на времето...

5 јануари 2015

Брендот „Norwegian Rain“ ни посака топло модно добредојде во новата 2015 – та година. Откако изминатата ја заокруживме со неверојатната и неповторлива кампања на Долче и Габана во која можевме да видиме одличен спој на возрасти, овој пат нешто слично направи и тимот на овој бренд.

За нивната есен/зима 2015 кампања тие излегоа на улиците на Токио каде фотографираа повозрасни луѓе во одлични парчиња со кои ја најавија модата за следната сезона.

Сите луѓе што се дел од кампањата се жители на Токио, малку постари од она на што сме навикнати да го гледаме во рекламните кампањи на брендовите. Од прв до последен, тие изгледаат неверојатно во одличните парчиња со остар крој што брендот ги предлага за следната студена сезона.

Боите на парчињата се претежно темни, во војнички стил, со многу копчиња, крзно, џебови, а низ кампањата се провлекуваат и шапките како клучни за следната сезона.

Целата колекција изгледа сосема едноставно со чисти и прави кроеви, а најголем акцент повторно е ставен на волуменозните парчиња во кои изгледа дека сите сѐ повеќе уживаат.

Можеби оваа кампања е само почеток за новата година во која се чини дека сѐ повеќе ќе гледаме постари модели на чело на промотивните кампањи на светските брендови.

Како ви се допаѓа оваа кампања?

Објавено:
5 јануари 2015
Категорија: 
Актуел