Кога задникот на Ким Кардашијан е уметност...

22 ноември 2014

enhanced-22963-1415967349-18

Голиот задник на Ким Кардашијан на насловната страна на „Пејпр“ беше топ тема последниве денови. Без разлика што од фиока ни излегува, Ким успева одново и одново да го сврти вниманието кон сè што прави, без разлика за што се работи. Еве, последната нејзина насловна, дело на фотографот Жан Пол Гуд, според неа е уметничко дело.

-Ги направив овие фотографии лично за себе, затоа што имав желба да соработувам со Жан Пол Гуд и затоа што сакав да се чувствувам самоуверено. Како пример за многу млади, не велам дека треба сите да го направат ова, но јас сакав да го направам, за мене ова беше еден уметнички проект – изјави Кардашијан во една  емисија на австралиска телевизија.

Ако го направи за тебе, тогаш зошто цел свет мора да го гледа тоа? Исто така, кога е соблекувањето во прашање, нејзините ставови често се менуваат.
Кога во 2007 година се соблече за „Плејбој“ беше пресреќна:

-Позирањето за „Плејбој“ за мене беше голем предизвик, но на крајот, многу сум среќна што го направив тоа – изјави тогаш Ким за светските медиуми.

kim-kardashian-playboy-outtakes-2

Потоа, во 2010 година следеше насловната страна на W Magazine. Ким комплетно гола во сребрено издание, фото-сесија која што емотивно ја уништи:

-Ми рекоа дека ќе бидам сосема покриена, ме искористија. Ова е полошо од „Плејбој“, се граничи со порно! Никогаш веќе нема да се соблечам гола! Не сакам луѓето да мислат: „А оваа е добра за соблекување гола„!– изјави Ким во реалното шоу на нејзиното семејство Keeping up with the Kardashians, хистерично плачејќи.

10822295_4700491848320_2055706817_n

Но, никогаш не вели никогаш. Во текот на бременоста, изрази желба веднаш по породувањето да се фотографира повторно за „Плејбој“, за веќе оваа година да си ја оствари желбата, но за магазинот „Пејпр“, овој пат во „маслено“ издание.

Позирањето со чаша шампањ ѝ било мошне тешко, па дури имала болки недели по тоа. Но, болката не значи дека направила уметност. Тоа што сите го видовме задникот на Ким, по не знам кој пат, не е ништо ново. Ниту пак вредно, особено не за нас.

546366581225a2f9404eaee4_kim-kardashian-paper-magazine

Тоа што Гуд го направил за неа, не е уметност. Тоа е само исполнување на желба и полнење на џебови. Со изјавата „тоа е уметност“, му давате значење на она што всушност не секогаш може така да се толкува, и делумно сакате да се оправдате.

Ким ни го сврте задникот за чист публицитет, маркетинг и нејзина одлична заработка.

Објавено:
22 ноември 2014
Категорија: 
Актуел