Кога знаеш да прифатиш шега: Берни Сандерс го стави мемето на дуксер кој веќе е распродаден

24 јануари 2021

Нема кој не се насмеа на фотографијата односно мемето на Берни Сандерс како седи на столчето со прекрстени раце, на кои има волуменозни шарени ракавици. Го гледавме во секаков контекст и мора да признаеме дека тоа беше најзборуваниот момент од инаугурацијата на Џо Бајден.

„Јас само седев, обидувајќи се да се стоплам и обрнувајќи внимание на она што се случуваше во моментот. „Она што навистина е убаво е што жената која ги направи ракавиците живее во Вермонт. Таа е учителка и многу, многу драга личност, а и таа беше премногу возбудена за вниманието кое се даде на нејзините ракавици“, изјави неодамнаа Сандерс.

Студент од "Њујорк Универзитетот# дури создаде и веб страна за луѓето од целиот свет да можат да споделуваат мемиња со Берни, која веќе е архивирана.

Но, сенаторот одлучи да даде и друга димензија на целата ситуација - хуманитарна.

Имено, создаден е дуксер од Ѕ до 2ХL, на кој е испечатено мемето и пласиран на веб страната на Сандерс по цена од 45 долари.

Дуксерот бил распродаден во краток временски период, по што во петокот бил повторно достапен, за и по втор пат да се распродаде веднаш.

Како пренесуваат странските медиуми, на луѓето не им пречи да чекаат три до шест недели за дуксерот, едноставно побарувачката е огромна.

Направен е од 100% памук, а 100% од средствата ќе бидат уплатени во хуманитарни цели, поточно во здужението „Meals on Wheels Vermont“, кое им доставува храна на постарите лица и лицата со инвалидитет.

Паметен и корисен начин на прифаќање шега :).

Објавено:
24 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.305 пати