Кои бои ќе се носат есенва?

29 јули 2020

Одговорот на ова прашање го имаат француската компанија за предвидување трендови „Уритек“ и Институтот за бои „Пантон“.

Тие неодамна објавија извештај во кој е претставено кои бои ќе доминираат следната сезона.

Според нивното истражување и анализа на трендовите во женската мода во Европа изминатиов период, сметаат дека во есенските месеци што следат ќе бидат обоени во минт нијанси, земјени и пастелни.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BAHIRA INTERNATIONAL (@bahiraswimwear) onJul 28, 2020 at 10:07am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Heuritech (@heuritech) onJul 24, 2020 at 8:59am PDT

Една од минт нијансите, посебно актуелна на Инстаграм е наречена „Мисти Џејд“, што е и мало изненадување, имајќи предвид дека најчесто ја гледавме во летен контекст, но истовремено ќе биде предизвик и ќе даде „ледена“ атмосфера во месеците што следат.

Кога се во прашање пастелните, фаворит е нијансата „Лупин“, која според нивното истражување луѓето со смел стил најчесто ја носат.

Како ви се допаѓа прогнозата на овие две познати компании?

 

Објавено:
29 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.177 пати