Сите сакаме што побрзо да се поздравиме од 2020 година и да ја оставиме зад нас како лош спомен. Пандемијата за жал ја обележа и негативните вести што произлегоа од ситуацијата, доминираа преку целата година. Но, од друга страна пак се потсетивме на нашите основни човечки вредности, колку е есенцијална емпатијата и тоа дека здравјето навистина нема цена.
И пред да ја „спакуваме" 2020-та, вообичаено во овој период се сумираат впечатоците и од друг, односно моден аспект, па релевантните истражувачки платформи ги објавуваат своите ранг листи на најдоминантни трендови, брендови, познати личности...
Така, истражувачката платформа „Lyst" веќе ја објави својата листа на највлијателните модни личности за 2020.
За дел од нив, може да посочиме дека е сосема очекувано да се најдат во ова друштво, но на оваа листа се запишаа и имиња кои се вистинско изненадување, како на пример личности што се прославија преку актуелната социјална мрежа Тик Ток.
Според „Lyst" на врвот на оваа топ листа на модно највлијателни личности, се најде поп ѕвездата Хари Стајлс, кој воедно беше и првиот маж на насловната страна на Вог на последното издание на магазинот. Бијонсе, Кејт Мидлтон, Кјара Ферањи, Ким Нам-Џон од BTS, се исто така меѓу првите 10 рангирани на оваа листа.
Комплетниот список топ 10, погледнете го во продолжение.
Хари Стајлс
Бијонсе
Ким Нам-Џон од BTS
Александриа Кортез
Тревис Скот
Пол Мескал
Lizzo
Чарли Дамелио
Кејт Мидлтон
Кјара Ферањи