Кои се луѓето што ја создаваат нашата облека?

28 април 2017

Глобалниот проект Fashion Revolution Week настојува да ја освести јавноста за проблемите во модната индустрија и да поттикне радикални промени, пренесува порталот fashion.hr.

Се работи за иницијатива која ги поттикнува консументите да прашаат: кои се луѓето што ја создаваат мојата облека? Акцијата е актуелна и на социјалните мрежи под хаштагот #whomademyclothes што поттикна многу работници во модната индустрија да го откријат своето лице.

Fashion Revolution на годишно ниво воведе Fashion Transparency Index со кој се рангираат светските модни брендови на основа на работничките права и влијанието врз околината.

Целта покрај другото, е консументите да бидат свесни дека нивната облека има лице кое е творец на истата и кое на тоа парче облека потрошило време и труд, а исто така да нѐ потсети и на нашето право да знаеме кој и во какви услови ја изработува нашата облека.

 

Објавено:
28 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
448 пати