Кои се најплатените музичари во светот?

21 ноември 2013

На врвот на листата се наоѓа Мадона која со последната турнеја, линијата облека и продажбата на нејзиниот парфем оствари заработка од 125 милиони долари. На второто место е Лејди Гага со 80 милиони долари, која можеби би ја надминала и Мадона да не мораше да откаже дел од концертите поради операција на колкот.

Џон Бон Џови е на третото место со заработка од 79 милиони долари. На четвртото место е кантри пејачот Тоби Кит со 65 милиони долари и на петтото место е бендот Колдплеј со заработка од 64 милиони долари.

najplateni-muzicari

Објавено:
21 ноември 2013
Категорија: 
Актуел