Кој е најдобро облечениот маж за 2017 според GQ?

17 јануари 2017

Во рамки на модната недела во Милано, која завршува денес, беше прогласен и најдобро облечениот маж за актуелната година.

Магазинот „GQ“, заедно со брендот TAG Heuer одлучија тоа да биде Стефан Акросиј еден од најпознатите италијански актери.

Наградата му ја додели актерот Патрик Демпси, кој воедно е и амбасадор на споменатиот бренд. На вечерата на 14-ти јануари, им беа доделени признанија и на најстилизираните мажи на Италија од различни сфери – спорт, мода, финансии...

За гламурозноста на настанот сведочи и присуството на кремот на италијанскиот моден живот, па меѓу присутните беа и членови на семејството Мисони – Маргарета Мисони, Отавио Мисони, Анџела Мисони, Карло Капа, Роз Фанти и многу други.

Во галеријата во продолжение погледнете дел од атмосферата:

Инаку, кога сме кај најдобро облечените мажи, потсетуваме дека според британското издание на магазинот, признанието за 2016 година му припадна на Дрејк.

-Тој е имагинативен, самоуверен и докажува дека е може да се изгледа кул и во некои поевтини комбинации, кои можеби инаку и не би ги купиле – велат од магазинот.

Со својата „кул“ појава, тој зад себе ги остави актерот Еди Редмејн кој се најде на второто место и Лук Еванс кој е на третото. 

Објавено:
17 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
848 пати