Кој е најгугланиот комерцијален бренд од Американците за 2013?

18 декември 2013

На крајот од месец декември анализите од различни гледни точки се сеприсутни. Па така, според истражувањето на Гугл, еден од најпопуларните и најпосетуваните брендови на интернет од Американската нација е брендот Kohl’s. Во текот на целата 2013 година страницата на овој бренд е најпосетувана и тоа најмногу за време на црниот петок и сајбер понеделник, денови кога владее еуфорија за шопинг како низ продавниците така и на интернет. Но, оваа анализа покажува и дека Американците сакаат и преферираат да купуваат евтина и комерцијална гардероба, каква што нуди популарниот бренд Kohl’s, кој досега имаше и соработки и со дизајнерски имиња како: Питер Сом и Катрин Маландрино.

Објавено:
18 декември 2013
Категорија: 
Актуел