Koj е најпопуларниот костим за капење на светот?

16 јули 2021

Модниот пребарувач „Lyst“ направи листа на најпосакуваните модни парчиња во категоријата „женска мода“, а последните три месеци „титулата“ убедливо ја држи зебрастиот костим за капење од брендот „The Attico“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by THE ATTICO (@the_attico)

Се работи за бренд кој е во сопственост на две Италијанки, а постои од 2016 година. 

Зебрастиот костим за капење го носеше и Дуа Липа во спотот за синглот „Love Again“, и веројатно во гола мера придонела за популаризација на истиот.

Имено, податоците на „Lyst" велат дека во контекст на облека за плажа, во второто тромесечје од овааа година, бројот на пребарувања е зголемен за 192 проценти во однос на истиот период лани, а меѓу сите, ова е фаворитот.

Во овој модел, за кој би можеле да речеме и дека е по малку ретро, го носеше и Хајли Бибер што е само показател повеќе за неговата популарност. 

Веќе некое време е комплетно распродаден, а цената му изнесувала нешто повеќе од 300 долари.

Како ви се допаѓа овој модел?

 

Објавено:
16 јули 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
738 пати