Кој е наследникот на Марк Џејкобс?

14 октомври 2013

Иако голем број новински агенции ја пренесоа оваа вест, сепак портпаролот на модниот бренд соопштил дека сеуште ништо не е одлучено, а се смета дека Николас кој 15 години е на челото на Баленсијага би бил одлична замена за Џејкобс.

Откако Марк Џејкобс по 16 години успешна работа во Луј Витон потврди дека го напушта модниот бренд, гласините за неговиот наследник никако да стивнат. Од многубројните кандидати за неговото место, изгледа дека сепак Николас ќе ја има честа да ја превземе функцијата на креативен директор на Луј Витон.

Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Актуел