Кој е Рој Халстон - дизајнерот кој заслужи серија на „Нетфликс“?

25 мај 2021

Многу се зборува за серијата „Халстон“ во последно време. Ја сметаат за голем хит на „Нетфликс“, а дејството се врти околу познатиот дизајнер Рој Халстон.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by HALSTON (@halston)

Во случај да не ви е познато неговото име, ќе ви речеме дека тој е еден од луѓето кои беа задолжени за креациите за Џеки Кенеди, Лајза Минели, Елизабет Тејлор, Лорен Бакал... Најголемиот пресврт во неговата кариера се случи во 1961 година, кога Џеки Кенеди се појави со „коцкастата шапка“.

Сепак, серијата нема да се фокусира толку на неговата успешна и плодна кариера, колку на неговиот турбулентен живот и страста кон гламурозниот живот исполнет со забава.

Зенитот на неговата популарност беше во текот на 60-тите и 70-тите години. Заработуваше милиони и ги трошеше на забави.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by HALSTON (@halston)

Гламурот беше неговата инспирација, а токму такви му беа и креациите. 

Еван Мекгрегор е актерот кој ќе го претстави неговиот лик во серијата. 

Ќе бидеме сведоци на интересни костими, забави и патувања, а од „Нетфликс“ велат дека серијата ќе биде  атрактивна дури и за оние кои не се љубители на модата.

Умира во 1990 од последици од СИДА, сепак неговиот бренд ќе продолжи да живее, но никогаш нема да ја повтори популарноста што ја имаше додека Халстон беше жив. 

За гледачите кои ќе ги заинтригира оваа серија од моден аспект, неговите креации секогаш биле изработени од гламурозни материјали со сјај, практични и носливи. Нивната првична цел била да се носат на забави, нешто што Халстон го познавал добро и од што се инсприрал.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by HALSTON (@halston)

Покрај ова, една од неговите музи била и Елса Перети, позната дизајнерка која ја подржувала неговата работа уште од почетоците.

Чест гостин на „Студио 54“, а на патувањата секогаш ја носел целата екипа што работи со него. 

Што се однесува до неговиот личен стил, црната ролка е неговиот заштитен знак.

Повеќе од доволно да посакаме да ѕирнеме во неговиот свет, па ете добар предлог за тоа што можете да гледате во наредниот период.

 

Објавено:
25 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
473 пати