Кој ја замени Џенифер Гарнер во Макс Мара?
•
17 јули 2014
Џенифер Гарнер беше одличен избор за заштитно лице на минатогодишната кампања на Макс Мара насловена како „Golden Globe“. Од брендот беа мошне задоволни од резултатите, па решија да ја продолжат соработката со холивудски ѕвезди. Овој пат изборот падна на Ејми Адамс.
Првите фотографии од најновата кампања за есен-зима веќе се појавија, а зад нив се потпишува Марио Соренти. Се претпоставува дека тимот и за пролетно-летната ќе остане ист.
По повод новата соработка и кампања, Макс Мара неодамна одржаа и коктел забава на Менхетен на која се појавија голем број познати личности, а дел од нив видете во продолжение:
Ејми Естли
Ања Зиурова
Дерек Бласберг
Џес Вајкслер
Лаура Лав
Леандра Медин
Лајг Лезарк
Марија Џулија Марамоти
Миранда Кер
Тони Колет