Кој се крие зад логото на Ланван?

21 мај 2014

lanvin-main_1

Ланван оваа година слави 125 години постоење, па за таа цел тие честопати потсетуваат на информации од нивната архива, кои љубителите на она што го работат можат да го видат на официјалната веб страна на брендот или пак на профилите на социјалните мрежи.

Во низата фотографии и видеа, последно е посебната анимација која го враќа логото на куќата во центарот на внимание, а го објави и магазиннот „Грација Дејли“.

Fotor0520153724

За оние што не знаат, Ланван логото е всушност силуетата на Жан Ланван и нејзината единствена ќерка Маргарет Мари Бланш, како се држат за раце. Логото е креирано во 1923 година и претставува илустрација на фотографија на мајка и ќерка кои носат исти шапки, создадена на бал на костими во 1907 година. Истата е искористена подоцна за шише на парфем.

Со логото се нагласува дека модната куќа е семеен бизнис, а Маргарет стана главниот извор на инспирација за Жан. Така, понесена од неа, Жан ја создаде детската колекција, па во 1908 година Ланвин имаше и детски оддел.

Погледнете ја анимацијата во продолжение:

Објавено:
21 мај 2014
Категорија: 
Актуел