На прв поглед сите ќе речете дека се работи за Мик Џегер од младоста. Сепак, одговорот нема да е точен, бидејќи најновото издание на магазинот „AnOther Man“ го краси Хари Стајлс (22).
Пејачот на групата „One Direction“, на покана на тимот, се појавува на три насловни страни за последниот број, а сличноста со рок пејачот е неверојатна! Како да се работи за друг маж (AnOther Man).
Да биде работата уште поспектакуларна, покрај фотосеријата, овој млад музичар и има посебно интервју, кое верувале или не го правел Пол Макартни! Работите не можат да бидат подобри за ова момче, а дури и некој никогаш порано да не слушнал за овој магазин, сега го знае и ќе го купи!
Но, сето ова не е ни малку случајно. Неверојатната сличност со легендарниот музичар му обезбеди и филмска улога. Како се шпекулира меѓу странските медиуми, Стајлс ќе биде Џегер во екранизираната биографска приказна насловена како Exile on Main Street: A Season in Hell with the Rolling Stones.
Филмот е базиран на истоимената книга, чиј автор е Роберт Гринфилд, а се зборува дека режијата ќе биде на Енди Годард. Во исчекување на официјалната информација, погледнете за каква сличност се работи:
Мик Џегер во Младоста