Која е најдобрата блогерка за 2015?

14 септември 2015

За време на модната недела во Њујорк беа доделени и Bloglovin' наградите или т.к.н Блогерски Оскари. 

Сосема очекувано, наградата за најдобар блогер на годината ја доби Кјара Ферањи и нејзиниот блог The Blonde Salad. Ова е четврта награда за убавата Италијанка која летово беше поактивна од кога и да е. 

Bloglovin’ наградите се доделуваат во дури 24 различни категории, а оваа година наградата за најдобар нов блогер ја доби младата Британи од блогот Thrifts and threads, а наградата за најдобар блог за убавина ја освои The beauty department. 

Во категоријата најдобар лајсфстајл блог победи Queen of jetlags, а за најдобар блог посветен на патувања беше прогласен Tuula Vintage.

Објавено:
14 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.165 пати