Која е најмоќната жена во светот на модата за 2019?

5 август 2019

Популарната онлајн модна платформа Lyst.com деновиве објави извештај за најпопуларните брендови и личности во светот на модата за периодот од април до јуни 2019 година.  

Како и секогаш, за овој извештај платформата зема во предвид повеќе од пет милиони купувачи кои се редовни на нивниот сајт, па резултатите се и повеќе од веродостојни.

lyst

Покрај другото, нивниот извештај покажа и дека најмоќната жена во светот на модата за изминатата година е музичката дива Ријана, а речиси подеднакво влијание врз купувачите има и Бијонсе.

Онлајн платформата објави дека пребарувањето на нивната страна под зборот црвено боди  пораснало за неверојатни 183 проценти по објавата на Бијонсе на нејзиниот Инстаграм профил.

Beyonce/Instagram

По  објавената фотографија на која таа носи црвено боди со потпис на Адидас, истото било распродадено за неверојатно кратко време што доволно говори за фактот колку е таа популарна.

Што се однесува до брендовите, Гучи повторно се најде на првото место најпопуларни модни куќи со база на купувачи што постојано се зголемува ширум светот.

another_man

Инаку, во извештајот се споменува дека многу позитивни работи се случиле изминатите три месеци, меѓу кои и потегот на Најк да користи кукли со кои промовира инклузија, поголемите броеви на Долче и Габана, Прада престана да користи крзно, а голем дел од брендовите соопштија дека повеќе нема да најмуваат модели помлади од 18 години.

Инфо: Elle.hr, 

Објавено:
5 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.252 пати