Која е новата премиерка на Финска за која сите не престануваат да зборуваат?

11 декември 2019

„Никогаш не размислувам за своите години или полот, секогаш размислувам за причините поради кои влегов во политиката и работите поради кои ја добивме довербата на бирачите“, ова е изјавата на новата премиерка во Финска, 34-годишната Сана Марин.

Веќе два дена интензивно се зборува за оваа млада девојка. Се коментира нејзината возраст, изглед, способност, биографија... сè. 

Факт е дека таа е најмладата премиерка не само во Финска, туку и во светот. Инаку, во нејзината држава е третата дама што се нашла на оваа позиција. Интересно е што, во моментов во Финска на чело на сите пет партии во парлементот се жени, а три се дури и помлади од Марин.

Таа не е единствената на која ѝ успеа во 30-тите години да седне во премиерската фотелја, сличен успех имаа и Олексеј Хончурак во Украина, Џасинда Адерн во Нов Зеланд. Инаку, Марин во дваесеттите години од животот (поточно 27 години) успеа да стане градоначакник на индустрискиот град Тампере.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin) onAug 18, 2018 at 2:37am PDT

Младата Сана е дел од финскиот парламент веќе четири години, а од јуни ја извршуваше функцијата Министерка за транспорт и комуникации.

Родена е во Хелсинки, во истополова брачна заедница, а самата е мајка на речиси двегодишна ќеркичка која го има со партнерот Маркус Рејкенен.

Како дете живеела во изнајмен стан со својата мајка и нејзината партнерка. Во едно интервју од 2015 година ќе признае дека како дете се чувствувала невидливо, затоа што не можела отворено да зборува за своето семејство.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin) onFeb 25, 2018 at 9:00am PST

 Сепак, ја имала комплетната поддршка од мајка си, која придонела за нејзината самодоверба и чувството дека во животот може да направи сè што ќе посака.

Сана е првата личност од нејзиното семејство која запишала и завршила факултет. 

Инаку, Марин беше избрана за премиер откако претходниот премиер Анти Ринеа минатата недела си поднесе оставка. Причината е што коалициониот партнер, Центристичката  партија, ја изгубила довербата во него поради лошиот однос кон штрајкот на поштарите. 

Инаку, социјалдемократите, од чии редови е и сегашната премиерка, се најголемата партија во петчлената коалиција, а вниманието кон Марин се сврте посебно откако ја победи шефицата на парламентарната група, Анти Лимдман.

Уште една вест што ја воодушеви јавноста е што владата на Сана Марин ќе има 19 министри, од кои 12 се жени, а седум мажи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin) onDec 10, 2019 at 10:50am PST

Функцијата на министерка за финансии ја доби 32-годишната Катри Кулмуни. Министерка за внатрешни работи и понатаму ќе биде 34-годишната Мариа Охисало, додека 32-годишната Ли Андерсон останува министерка за образование. Ана Маја Хенриксон (55) ќе биде на чело на Министерството за правда.

Инаку, Марин и нејзиниот тим ќе ја преземат власта после низата штрајкови кои од понеделник го запреа производството во некои од најголемите фински компании и фабрики, а според проценката на конфедерацијата на финската индустрија, штрајковите ќе доведат до загуба и до 500 милиони евра.

Македонија е оддалечена од Финска 3220.5 km и уште толку светлосни години во однос на функционирањето на системот, етиката, моралната одговорност и политиките. 

Објавено:
11 декември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.061 пати