Која е темната тајна на Victoria’s Secret?

31 јули 2015

Борбата помеѓу ПЕТА и брендот Victoria’s Secret трае одамна. Во 2002 година членови на оваа организација го саботираа нивното шоу, а после неколкугодишното примирје, страстите повторно се разгореа.

Како пренесуваат од ПЕТА, брендот повторно почнал да тестира козметички производи врз животни, откако со години наназад престана да го практикува тоа.

Тоа е една од причините поради кои Victoria’s Secret ќе влезе на кинескиот пазар. Во Кина долги години беше задолжително тестирање на козметички производи врз животни. Од минатата година, секоја компанија е оставена сама да одлучи дали сака или не да ги тестира производите.

ПЕТА ги повикува сите да не ги купуваат производите на овој бренд, сè додека не бидат стопроцентно ослободени од било каква насилност. Од Victoria’s Secret за сега нема никаков одговор на ова тврдење, иако од ПЕТА велат дека тие ја потврдиле информацијата.

Она на што моментално размислува тимот на овој бренд за долна облека, е вклучувањето на plus-size модел меѓу Ангелите.

-Сметаме дека светот е сега повеќе отворен за моделите со облини и сигурни сме дека во еден момент навистина ќе бидат подготвени за тоа. Се надеваме дека таков модел ќе зачекори и за нашиот бренд – велат од Victoria’s Secret.

Инаку, тие минатата година примија бројни критики за ангажирање на преслаби модели за нивните рекламни кампањи. Новите Ангели имаат за задача да ја претстават различноста на повеќе нивоа што, како велат челните луѓе на брендот, е мошне важно за имиџот на Victoria’s Secret.

За потсетување, plus-size моделот Ешли Граам, во една пригода за Vogue изјави дека многу би сакала да биде дел од тимот на Victoria’s Secret.

-Ако ме слушаат или читаат  - јавете ми се – беше искрена Ешли.

Кендис Хафин е засега првиот plus-size модел што се појави во календарот на Пирели, заедно со актуелните Ангели на брендот, Адриана Лима, Џоан Смолс и Исабели Фонтана.                             

Објавено:
31 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.208 пати