Коко Шанел- легенда која трае

4 март 2014

„Тој едноставен фустан ќе стане уникатна „униформа“ за сите жени што имаат вкус“, најави самоуверено француската модна дизајнерка, во далечната 1926 година за читателите на американскиот магазин „Вог“. Коко не мислела на ништо друго туку на „малиот црн фустан“.

Таа креација во разни варијанти и денeс има свое место во гардероберите на многу припаднички на понежниот пол. Всушност, Шанел не е таа што го измисли, но од него направи моден култ. Краткиот крој и целосно црната боја во тоа време ги рушела сите социјални табуа. До тогаш  жените биле прилично покриени, а црната важела за боја на слугите. Но, од магазинот „Вог“  биле убедени во успехот и напишале: „ Ова е фустанот што ќе го носи целиот цвет“

Во меѓувреме, жените ширум планетата носат фустани од оваа славна дизајнерка. И не само фустани, туку и класични парчиња и аксесоари. Не треба да се заборави и на познатиот парфем „Chanel N.5“.

Митот за Шанел може да се почувствува и на изложбата во Уметничкиот музеј во Хамбург. Од 28-ми  февруари па се до 18-ти мај 2014 година, на таа локација може да се доживее духот и историјата на цела една модна империја. Изложбата опфаќа 70 креации на Коко Шанел, а може да се погледнат и креации на други дизајнери кои се инспирирале од Коко.

Објавено:
4 март 2014
Категорија: 
Актуел