Колекции: Џиџи Хадид за Хилфигер, River Island за plus-size

18 декември 2015

Моделот Џиџи Хадид има нов предизвик. Како пренесуваат модните магазини, таа ќе работи на новата капсулна колекција на Томи Хилфигер.

-Никогаш не мислев дека ќе ме прашаат да дизајнирам капсулна колекција, па кога тимот  на Томи Хилфигер ме исконтактира беше како да сонувам. Брендот на Томи е еден од оние што безизмерно ги сакам и сум обожавател целиот мој живот, а Томи е еден од оние луѓе со кои е најлесно и најзабавно да се соработува. Секогаш сум се радувала на новите кампањи и стилот на неговиот бренд – вели Хадид.

Таа додава дека заедничката колекција ќе се држи до стилот на Томи Хилфигер, но истовремено ќе биде микс од повеќе естетики.

-Ќе направиме микс од сè – ќе има креации што се навистина бохо-шик, спортски, но и со нагласена машка нота, при што секој ќе може да си го одбере она што му се допаѓа.

Воодушевувањето од соработката не го крие ниту дизајнерот:

-Ја познавам Џиџи и нејзиното семејство со години и беше навистина неверојатно да се гледа како таа расте во еден од најголемите топ модели и влијателни модни личности. Џиџи беше дел од нашите ревии и воодушевени сме што ќе ја продолжиме соработката, со што таа ќе стане и заштитно лице за женската колекција. Таа е вистинска дефиниција за денешната „Tommy Girl“ – објаснува дизајнерот.

Кендис Хафин Кога се новите колекции во прашање, и кај River Island има новитети. Тие подготвуваат нова, plus-size колекција. Се очекува новите модели да бидат презентирани во март 2016 година. Од брендот велат дека колекцијата ќе содржи модели и комбинации за сите пригоди – од деловни до лежерни.

Заштитно лице на кампањата за новата колекција ќе биде Кендис Хафин, првиот plus-size модел што се најде во календарот на Пирели и на насловната страна на италијанското издание на Vogue.

-Со проширувањето на големините и колекцииите, River Island го доведе брендот до перфекција. Јасно е дека тие размислувале за женското тело со облини и дизајнирале соодветни парчиња, кои можеа жените досега да ги најдат и во Hight street дуќаните во сите други големини. Ваквите plus-size колекции покажуваат дека не мора да се дизајнира нешто сосема ново, туку да се дизајнира нешто со соодветен крој и големина – вели моделката.

Објавено:
18 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
854 пати