Колешките ја „почестиле“ Кендал Џенер со отпушоци во пијалокот на модната недела во Њујорк!

18 септември 2014

И додека Кендал Џенер ги освојува светските модни писти со брзина на светлината и целото нејзино семејство се радува за нејзиниот успех, има и такви кои што не се воодушевени од нејзиниот успех.

Извор изјавил за магазинот „In Touch Weekly“ дека нејзините колешки со кои таа чекореше по пистите на модната недела во Њујорк, постојано и дофрлувале различни зборови, а нивната омраза отишла толку далеку, што дури почнале и да и ставаат цигари во пијалокот.

„За другите девојки беше многу тешко да го достигнат она што таа успеа за многу краток период. Тие сметаа дека тоа воопшто не е фер кон нив“, изјавил изворот за магазинот.

Неодамна, младата Кендал изјави дека мора да работи многу напорно, бидејќи никој не ја сфаќа сериозно нејзината желба да стане професинален модел.

„Луѓето мислат дека успехот сам дојде кај мене и дека јас воопшто не се трудев да го заслужам тоа. Тоа воопшто не е вистина“, изјави Кендал.

Таа додаде и дека нејзиното појавување во реалното шоу на нејзиното семејство „Keeping up with the Kardashians“, и ги отежнало нејзините ангажмани и самите кастинзи.

„Луѓето не ми веруваа дека сум сериозна во желбата да бидам модел. Бев на многу кастинзи и некои луѓе дури и не сакаа да ме ангажираат поради моето потекло. Се чувствував прекрасно тогаш кога луѓето не ме препознаваа, се молев да не ме препознаат“, вели Кендал.

Објавено:
18 септември 2014
Категорија: 
Актуел