Колку часа се потребни за изработка на луксузните дизајни што ќе се носат оваа пролет?

12 јануари 2022

Да ја погледнеме луксузната облека со други очи и зошто всушност таа е луксузна? Не се во прашање само скапите материјали. Вредноста на луксузната мода доаѓа пред сѐ од трудот и посветеноста, долгите часови работа на мајсторите на занаетот: плетачи, моделари, шивачи, чевлари, везачи, лицата специјализирани за специфични рачни изработки...

Многу често, целината која ние ја гледаме како скап фустан или чанта, е комплексен производ на цел тим занаетчии и нивното време посветено на тоа секој сегмент да биде дефиниран до перфекција.

Италијанскиот Вог направи едно интересно истржување, колку часови работа биле потребни за да се финализираат некои од најлуксузните модни парчиња за претстојната пролетна сезона.

Еве го резултатот од нивното истражување.

Фустан - Етро: 40 часа

Комплет - Пако Рабан: 130 часа

Панталони Sunnei: 2230 часа

Фустан - Александар Меквин: 120 часа

Фустан - Ботега Венета: 200 часа

Фустан - Армани: 74 часа

Чанта - Луј Витон: 150 часа

Комплет - Рик Овенс: 40 часа

Кошула - Салваторе Ферагамо: 162 часа

Фустан - Марко Рамбалди: 90 часа

 

Објавено:
12 јануари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
281 пати