Колку чинат местата во првите редови на модните шоуа на Прада или Фенди

24 јули 2014

Како што можевме да видиме на презентациите на модните ревии на изминативе неколку модни недели, модата и не е толку затворен свет. Да се биде дел од елитните први редови и да се седне до Ана Винтур или Ријана повеќе не е недостижно, барем не за оние кои покрај искрената желба имаат и 95 илјади долари на своите сметки во банка.

Значи сите кои се вбројуваат на листата среќници  во банка да поседуваат 95 илјади долари ќе ја имаат привилегијата да уживаат во предната ложа во друштво на еминентни имиња од светскиот џет-сет. Станува збор на пакет понуда на онлајн платформата  Artsy.com. Пакетот содржи три карти за модните шоуа на Фенди и Прада кои ќе се одржат престојанава есен и модното шоу на Џорџо Армани што ќе се одржи во февруари 2015 година.

Картата што ќе ја добиете важи за вас и за плус уште еден кој ќе сакате да го понесете со вас и да му овозможите едно поинакво дружење. Кога ќе го земеме предвид фактот дека модните дизајнери им плаќаат на славните личности за тие да бидат во првите редови на нивните модни презентации, понудата, односно условот кој е поставен можеби и изгледа малку навредливо, но тоа се правилата на игра.

Последните два пакети од актуелната понуда на Artsy.com на 26 јули ќе бидат изложени на аукција со почетна цена од 25 илјади долари. Организаторите не знаат која ќе биде крајната цена што ќе ја достигне наддавањето но сепак, мислат дека ова е одлична можност за сите оние кои немаат 95 илјади долари на сметка да си ја пробаат среќата и да видат дали ќе можат да ги добијат картите за пониска сума на пари.

Освен за Фенди, Прада и Џорџо Армани, Artsy.com нуди можност за купување на билети и за другите модни ревии. На пример билетот за шоуто на Миу Миу кое ќе се одржи во февруари чини 25 илјади долари, а опцијата за онлајн купување е веќе достапна па така можете да си купите билет и за оваа модна ревија. И за овој моден перформанс како и за другите, последните два пакета ќе бидат пуштени во продажба преку онлајн аукција.

Објавено:
24 јули 2014
Категорија: 
Актуел